Градоначалникот на претставниците од месните заедници им ги презентираше сите активности кои се планирани да се реализираат од страна на локалната самоуправа во нивните населени места а оние кои се од приоритетно значење, се веќе вметнати во нацрт буџетот.
Претседателите на месните заедници во интерес на жителите од нивните населени места, со свои предлози, идеи и забелешки, се вклучија во дефинирањето на финансиската политика на општина Гевгелија, наведувајќи го притоа како приоритет обезбедувањето на локален превоз до сите населени места и реализација на комунални и инфраструктурни проекти.
Поради актуелната здравствена состојба предизвикана од пандемијата, другите активности од јавната расправа по нацрт буџетот се одвиваат електронски, потврдија од општина Гевгелија.