– Оваа поддршка доаѓа преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој ја координира помошта од Австрија, Бугарија, Словенија и сега од Романија, а обезбедува и сателитска поддршка, наведе евроамабасадорот Гир.

Тој воедно во објавата им оддадава почит на, како што вели, „сите домашни и меѓународни пожарникари, како и локалните граѓани и вклучени служби, кои работат заедно за да ги стават пожарите под контрола“.