Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон, која за него беше седма во кариерата, но и покрај тоа следеше пад на АТП-листата од четири позиции и од денеска се наоѓа на седмото место.

Ѓоковиќ по победата на Вимблдон се расплака, откако го совладаа емоциите, па во разговор со српските медиуми откри зошто пуштил солза.

-Доживеав многу вакви моменти во кариерата, меѓутоа овој трофеј во година каде што минав низ пекол на Австралија… Сè ми беше собрано кога седнав, почуствував олеснување и се расплакав бидејќи постојано бев под стрес, вели Ѓоковиќ.

Србинот има 21. гренслем-титула во кариерата, односно една помалку од Рафаел Надал, кој стигна до полуфиналето на турнирот.