Новак Ѓоковиќ ја дочека завршницата на подготовките за Отвореното првенство на САД со речиси две недели тренинг по раната елиминација во Синсинати. Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем турнирите смета дека е подготвен колку што може за настапот во Њујорк.

– Да бидам искрен, не сакам да губам рано на ниту еден турнир. Но, раната елиминација од турнирот во Синсинати ми даде време да се подготвам најдобро што можам за Отвореното првенство на САД. Имав речиси две недели, речиси цели две недели, да тренирам добро и да го доведам моето тело и ум во вистинската состојба за она што доаѓа. Ако ме прашувате дали сум подготвен, мислам дека сум подготвен колку што можам. Но, тренингот е едно, стапнувањето на теренот „Артур Еш“ и играњето натпревар во три добиени сета е сосема друго. Ќе видиме како ќе оди, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата во Њујорк.

УС опен 2026 започнува денеска и ќе трае до 13 септември.

Ѓоковиќ, кој има 39 години, во првото коло ќе игра против аргентинскиот тенисер Маријано Навоне. Натпреварот е закажан за утре, 31 август.