Кинвен Женг стана првата тенисерка од Кина што го освои Мастерсот 1000 во Пекинг. Таа денеска ја победи Мира Андреева со 2:0 во сетови, 7:5 и 6:4, во меч што траеше 103 минути.
Женг освои 1.000 поени и парична награда од 1.151.380 американски долари. Во првиот сет спаси три сет-топки, а потоа освои 11 поени по ред и го доби сетот со 7:5. Вториот сет го заврши со резултат 6:4.
Ова е нејзина прва титула од 2024 година. На турнирот во Пекинг настапуваше со „вајлд карта“, а победата треба да ѝ донесе напредок до третото место на ВТА-листата.
