Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја почна денеска 377. недела на врвот на АТП листата и го израмни рекордот на легендарната Германка Штефи Граф.
На Ѓоковиќ сега му недостасува уште една недела за да стане апсолутен рекордер на чело на АТП или ВТА листата.
На третото место на вечната листа е Мартина Навратилова со 322, а зад неа Серена Вилијамс која мина 319 недели како прва тенисерка во светот.
Петтото место го зазема Швајцарецот Роџер Федерер (310 недели), по што следуваат Пит Сампрас (286), Иван Лендл (270) и Џими Конорс (268), додека Крис Еверт мина 260 недели на чело на листата.
Мартина Хингис и Рафаел Надал по 209 недели беа најдобри на светот.