Тимот на Јанис Антетокунмпо го победи тимот на Леброн Џејмс со 184-175 во спектакуларниот „Ол-стар“ викенд во НБА лигата. Во натпреварот, во кој целосно беа запоставени одбраните, ѕвезда на вечерта беше Џејсон Тејтум од победничкиот тим, кој мечот, во кој одигра 35 минути, го заврши со рекордни 55 поени, надминувајќи го претходниот скор на Ентони Дејвис од 52 поени.

Јанис Адетокумбо пријави повреда, па на самиот почеток постигна кош и повторно не влезе во игра. Предводникот на ривалот, Леброн Џејмс, го одигра само првото полувреме и за 14 минути постигна 13 поени, за во вториот дел од натпреварот да седне на клупата поради повреда.

Во тимот на Јанис, покрај Тејтум со 55 поени, Одличен беше и Донован Мичел со 40 поени. Во тимот на Џејмс најефикасен беше Џејлен Браун со 35 поени, а Кајри Ирвинг и Џоел Ембиид постигнаа по 32 поени.

Само дваесет минути на теренот мина српскиот ас Никола Јокиќ кој настапи за тимот на Леброн Џејмс. Тој постигна четири поени, имаше пет скока и шест асистенции, од кои некои беа најдобри потези на вечерта.

Тимот на Леброн Џејмс: 
Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Џоел Ембид, Леброн Џејс,, Кајри Ирвинг, Ентони Едвардс, Џејлон Браун, Пол Џорџ, Тајрис Халибартон, Џулиус Рендл, Деарон Фокс и Џарен Џексон.

Тимот на Јанис Адетокумбо: 
Лаури Марканен, Донован Мичел, Џа Морант, Јанис Адетокумбо, Џејсон Тејтум, Демиен Лилард, Џру Холидеј, Шеј Гилџес-Александер, Демар Дерозан, Паскал Сиакам, Бам Адебајо, Домантас Сабонис.