Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ слета во Мелбурн, каде што требаше да настапи на Австралијан опен, но на аеродром го пречека вистински пекол, а според најновите вести на медиумите Србинот не можел да излезе најпрво од авион, по што два часа бил во царинскиот простор, а сега би можел да заврши во имиграционен притвор.
По погрешните документи кои биле потребни за виза, Ѓоковиќ го дочека полноќ на аеродром, иако имаше шпекулации дека ќе му биде дозволен влез во Австралија.
Тимот на најдобриот тенисер во светот ги замолил властите да му излезат во пресрет и да го пуштат во државата, а ветиле дека ќе стигнат точните формулари што е можно побрзо, но тоа било одбиено и така продолжи драмата на Ноле.
Австралиските медиуми пишуваат дека Ѓоковиќ најверојатно ќе заврши во имиграционен притвор додека не се донесе конечна одлука за тоа дали ќе му биде дозволен влез во државата или ќе биде испратен дома.