Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ вечерва во четвртфиналето на турнирот во Дубаи го победи шампионот од Марсеј, Хуберт Хуркач со 2:0, по сетови 6:3 и 7:5.
Србинот ја извојува 20-та победа во низа. Серијата започна на крајот од минатата сезона, а за тоа време Ѓоковиќ освои три титули (на завршниот турнир ви Италија, во Аделаида и на Австралија опен).
Во полуфиналето петкратниот шампион ќе игра против победникот од мечот Даниил Медведев – Борна Чориќ.