Променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 8 степени, додека дневната од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и максимална дневна температура од 13 степени.

Во следниот период ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има утре. Во недела попладне и во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник се очекуваат нови локални врнежи од дожд.