– На оваа етапа од мојата кариера грен-слем трофеите ми значат сè Тие најмногу се вреднуваат во овој спорт. Мојот сон продолжува, но не сум оптоварен. Фокусиран сум само на претстојното финале и не размислувам за ништо друго, изјави 34-годишниот Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер се пласираше во своето седмо финале на Вимблдон по триумфот од 3:0 во сетови над Канаѓанецот Денис Шаповалов.

– Резултатот не ја одразува вистинската слика за натпреварот. Тој имаше сервис за водство во првиот и беше подобар во голем дел од вториот сет. Извонреден тенисер е и ќе се гледаме уште многу пати во иднина, рече Ѓоковиќ за својот противник во полуфиналето.

За да го освои рекордниот 20 грен – слем трофеј во кариерате, Ѓоковиќ в недела ќе треба да го победи Италијанецот Матео Беретини, кој за прв пат ќе игра грен – слем финале.