„Локалните избори беа референдумско гласање на кое владата го изгуби легитимитетот и излезот сега е предвремени парламентрани избори. И до сега гледавме дека ништо не функционира, не се носат одлуки, има само кризи во сите области“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев објасни дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јасно ги кажал опциите за излез од кризата или гласање на недоверба а владата или брзи предвремени парламентрани избори.

„Владата лошо се покажа, ситуацијата е катастрофална и економската, и енергетската, и здравствената, затоа мора да се оди на брзи предвремени парламентарни избори. Буџетскиот дефицит е огромен и слично“, рече Ѓорчев.

Според него мора да има излез од оваа ситуацијата и истата да почне да се решава.

„Македонија мора да почне да излегува од кризите ки ги има во сите области во општеството“, кажа Ѓорчев.