Би сакал да се заблагодарам на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за Обнова за Македонија , како и на нашите партнери, затоа што денеска имавме навистина еден витешки ден. За жал од другата страна имавме еден ден кој за жал ќе остане запишан на црните страници на македонската историја затоа  што денеска во Македонија се погази демократијата, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, пред Собранието.

Денес во Македонија беше киднапиран пратеник, денес видовме како режимот на власт се трансформира во најкриминоген режим воопшто виден во Европа , но за тоа ќе има одговорност, ќе дојде ден кога ќе одговараат сите оние кои што денеска киднапираа пратеник и сите оние кои одземаа телефони од пратеници , ги чуваа пратениците во одредени просториии за да не можат да комуницираат и направија се за македонската демократија денеска да е погазена. Но не за долго, за тоа ќе има одговорност . Очигледно е дека режимот на власт се обидува по секоја цена да остане на власт . Тоа нема да трае долго , Од овде вечерва имам јасна порака од коалицијата а тоа е дека најбрзо и наједностано решение за излез од оваа политичка криза , е брзи предвремени избори во најкус можен рок, изјави Николоски.

Власта од денес има 59 пратеници, тоа е јасно и еден киднапиран пратеник. Нека го ослободат после овој прес ние ќе си заминеме. Власта нема лигитимитет и нема бројки. Не сме сигурни во она што го кажуваше пратеникот, ако беше сигурен владата да остане , требаше да дојде и да гласа. Па мистично напиша и мистично се појави на ФБ, вели Николоски.

Нема да ја повлечеме иницијативата. Најбрзо решение се брзи предвремени избори, истакна тој.