Им ветивме функционална општина Тетово која што ќе ги решава проблемите на луѓето. Им ветивме совет кој што ќе го поддржува градоначалникот и неговите проекти и идеи, така што мислам дека кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ја одработија наиде на добар прием кај луѓето, вели Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното вклучување во централниот дневник на ТВ Сител.

Ѓорчев потенцираше дека во изборна кампања остварил средби со голем број на граѓани, додавајќи дека граѓаните се револтирани од политиките на власта бидејќи токму во Тетово децении наназад ништо не е направено.

-Она што можам да го кажам како впечаток е дека години и децении наназад немам видено ваков револт кај граѓаните спрема политиките на власта и владата. Ваков револт каков што предизвикуваат потезите на власта секојдневно, и капитулациите и неспособноста на владата на Димитар Ковачевски апсолутно никогаш немам видено. Затоа што навистина политиките се погубни и економските и државните прашања, така што мислам дека тука во Тетово ќе имаме референдумски и плебисцитарно делегитимирање на владините политиките и СДСМ, рече тој.

На прашањето дали се оптимист дека ќе добијат предвремени парламентарни избори, Ѓорчев истакна дека тој лично е оптимист, укажувајќи дека власта е тотално неспособна да ја води државата, како и дека очекува предвремени парламентарни избори час поскоро се со цел да дојде влада на ВМРО-ДПМНЕ со огромна поддршка од граѓаните која што ќе ја консолидира Македонија.

-Апсолутно сум оптимист. Не само што сум оптимист тоа е неопходно за Македонија. Македонија мора да застане на нозе, Македонија секој ден се понижува, секој ден има скандали и катастрофи, значи веќе бројот не им се знае. Истовремено гледаме дека скапотијата е огромна, гледам дека се фали власта дека 10 проценти ќе ги зголеми платите, а цените на производите се отидени 100 проценти, 150, 200 проценти. Имаме огромна инфлација, неспособна влада, имаме тешка зима пред нас, а владата е тотално неподготвена и навистина облачно е и економски и државно. На предвремените избори час поскоро очекувам силна влада на ВМРО-ДПМНЕ со голема поддршка со 61 пратеник која што ќе може да ја консолидира Македонија, дециден е Ѓорчев.