Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение.

Бог да ја прости Верица Зафироска (1983 – 2021). Самохрана мајка на 3 мали деца, жена – борец, наставничка, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Теарце.

Видете на нејзиниот Фејсбук каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица.

До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2 – 3 часа пред да почине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца.
Почина денес, попладнево, на само 38 години. Ненадејно и одеднаш, во својот дом во Тетово. Пред 2 – 3 месеци преживеа ковид.

Непотврдено, починала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите. Голема, огромна трагедија и загуба. Затоа чувајте се луѓе, затоа што премногу луѓе загубивме. Премногу млади луѓе заминаа.
Верица силно, силно ја сакаше Македонија. Беше голем борец и активист на Унија на жени ОК Теарце и Вмро Дпмне Ок Теарце.

Ми беше чест што ја познавав Верче долги години. На сите митинзи. Во сите кампањи. Одење по врати, дворови и агитации. Со срце и мотивација.

По потекло од патриотско и ВМРО-вско семејство од село Варвара, активна во Теарце, наставничка во с. Копанце (општина Јегуновце), до Тетово и цел Полог. Колку само ја сакаше Македонија…
Сите ја почитувавме Верче. Сочувство до нејзиното семејство и до најблиските. Вечна и’ слава.
Патувај кон небото, македонска душо. Ние ќе ги продолжиме твоите македонски идеали и ќе бидеме тука за твоите 3 мали ангели што ги остави зад себе.

Бог да ја прости Verica Zafiroska (1983 – 2021). Самохрана мајка на 3 мали деца, жена – борец, наставничка,…

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Sunday, March 21, 2021