Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев имаше обраќање пред пратеници од ЕПП групата во Европскиот парламент во Стразбур.
Темата на тркалезната маса беше демографијата и стареењето на населението во Европа, со осврт на пазарот на работна сила, образованието, одржливоста на пензискиот систем, одливот на мозоци, руралните области итн.
Ѓорчев истакна дека демографијата е важна тема за секоја држава и општество, додавајќи дека јавните политики треба да имаат компонента која значи поддршка за семејствата, мајките и децата.
Ѓорчев се заблагодари за поканата и ангажманот на присутните ЕПП пратеници во врска со овие теми, нагласувајќи дека Европската комисија во овој мандат за прв пат има ресор за демографија.