Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Лондон учествува на форумот на ИДУ, најголемата глобална организација на десниот центар.
Владејачката конзервативна партија на Велика Британија е домаќин на собирот, со обраќање на министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли. ИДУ одбележува 40 години основањето од страна на Џорџ Буш постариот, Маргарет Тачер и Хелмут Кол.
На форумот во Лондон свои обраќања имаат поранешните премиери Борис Џонсон и Лиз Трас од Велика Британија, Стивен Харпер од Канада, Тони Абот, Џон Хауард и Скот Морисон од Австралија, Јанез Јанша од Словенија, екс претседателите на Украина и на Хрватска Петро Порошенко и Колинда Грабар Китаровиќ, како и екс државниот секретар на САД Мајкл Помпео.
Меѓународната демократска унија (ИДУ) е најголемата глобална организација на десниот центар, во која членуваат повеќе од 100 партии со сродна програма и принципи.