– Во очи на предизборието се фалат со еден и единствен проект кој Шилегов во четири години не успеа ни да го доврши за нашата општина. Во 21 век имаме делови на Кисела Вода кои се уште немаат канализација и вода за пиење, како да се работи за некое село во 19 век, а не за урбана општина, дел од градот Скопје, додава Ѓорѓиевски.
Тој пишува дека Темелковски се што направи се две улици кои ги премачка со асфалт, чија дебелина не е ниту 3 цм.
– Дури и тоа што сакал да го направи го прави неквалитетно и фушерски, па гледаме како се распаѓаат асфалтот и ивичњаците. А како би работел нешто Темелковски, кога е насочен на насилна бетонизација на населбата Расадник? Кисела Вода е претворена во алатка за профит на мала група фотељаши, а не општина која служи како сервис на потребите и барањата на граѓаните. Затоа се потребни итни и неопходни промени, посочува Ѓорѓиевски.
4 години Филип Темелковски нема мрднато со прст за Кисела Вода,4 години немаме ниту еден капитален проект.Во очи на…
Posted by Орце Ѓорѓиевски on Friday, April 16, 2021