Даночните стапки не треба да се зголемуваат на прехрамбените производи. Тоа што се тргна да биде 5%, според нас не треба да биде само на основните производи туку да има поширока база на производи јаде што таа даночна стапка не би се менувала. Со промената на таа даночна стапка на 10% или така натаму како што се планира, нормално дека тоа веднаш ќе имплицира цените да пораснат во некоја димензија.
Ова го истакна Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро бизнис комората при ССК, гостувајќи на телевизија 24 Вести.
Посочи дека тие се поборници на намалување на даночните стапки, да бидат пониски, исто така царинските давачки да бидат што е можно пониски. Оценува дека треба да се следат европските практики.
-Имаме еден фрапантен факт, чинам дека 80% од храната во Македонија се увезува, а само 20% си ја произведуваме ние. Тоа за нас е катастрофален факт. Тоа значи дека дадените производители кои треба да произведуваат во нашата држава, земјоделците, практично немаат профитабилност. Затоа не се произведува. Нема друга причина или објаснување, суштината е дека на земјоделците треба да им се помогне. Треба да им се дадат субвенции по килограм принос, а не по метар квадратен површина, истакна тој.
Целото негово гостување погледнете го во продолжение