Сојузот на стопански комори е секогаш отворена куќа за добри и конструктивни предлози, односно за предлози кои би придонеле во понатамошно подобрување во понатамошната состојба на компаниите, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Горан Ѓорѓиевски, претстедател на ССК.

-Во моментов знаете дека компаниите се наоѓаат во специфично тешка ситуација и имаме проблеми со ликвидноста. Двата клучни проблеми се следните: Првиот е недостатокот на човечки ресурси, додека вториот е проблемот со финансиите, односно ликвидноста како елемент кои што многу влијае на функционирањето и работењето на компаниите, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека доколку следната влада ја формира опозицијата е важно да се слушне гласот на бизнисот.