Сезонските работници, преку Секторот за месна самоуправа на општината, од вчера вршат расчистување на ова познато шеталиште во Кисела Вода. Се коси нараснатата тревна вегетација, се метат паднатите лисја, се собира отпадот, се врши перење на патеката. Овие активности се дел од големото генерално чистење на општина Кисела Вода, кое ќе трае и во наредните денови и ќе ги опфати сите месни и урбани заедници.

Како што најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, хигиената во општината ќе биде на највисоко ниво, а ваквите акции ќе бидат чести.

-Целта ни е да создадеме средина која ќе биде пријатна за живеење, и во еколошка и во естетска смисла. За тоа ќе ги употребиме сите ресурси што ги поседува Општината, наведе Ѓорѓиевски.