Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на Кризниот Штаб на Трговскиот Центари на универзалната единица – просторните сили за заштита и спасување, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации.

Главната цел на вежбата е СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАР и евакуација на сите присутни вработени и посетители во Скопје Сити Мол, како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации, велат оттаму.

Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот, оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и учество на вработени од службата за хигиена во молот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС.

Противпожарната вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Бригадата за противпожарна заштита и Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.