Почитувани мои сограѓани, денеска на мое огромно задоволство, правиме увид на градежните активности овде на улица Вера Јоциќ. Улица која што практично 30 години наназад, како и останатиот дел од патната инфраструктура во Кисела Вода беше оставен на милост и немилост, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Граѓаните овде се соочуваат со големи потешкотии во однос на движењето по коловозот од една страна, од друга страна имаше проблем со непрописно паркираните возила на целиот потег. Станува збор за реконструкција која што треба да финишира во наредните 10 дена, опфаќа некаде околу 720 метри должина на улицата, дополнително, реконструкција на тротоарите постоечки. Како што може да се забележи, овозможување од десната страна на џебови за паркирања за некаде околу 70 возила. Што значи дека освен реконструкција, освен нови тротоари што ќе добијат моите сограѓани тука, ќе добијат и можност за паркирање. Така да, целосно комплетно средување на овој потег. Исто така останатите краци ги опфаќаме со реконструкцијата што е предвидена во овој дел и паркинзите кои што се од останатите згради тука во околината. Освен оваа улица, изминатиов период, односно минатата недела започнавме со целосно реконструкција на улицата Емил Зола која што е на 150 метри негде од местово каде што се наоѓаме сега. Пред неколку месеци завршивме Дичо Петров и останати краци, реконструкција овде во урбаниот дел. Работиме паралелно и на реконструкција и санација на улици во Припор, во Драчево и во останатите населени места во Кисела Вода, што значи многу е важно дека Кисела Вода рамномерно се развива и практично немаме заборавено населено место. Финишираме со фекалната канализација во Градинар, еден горлив исто проблем после триесетина години го решаваме за нашите сограѓани. Во моментов работиме на четири позиции водоводна мрежа на територија на Општина Кисела Вода, работиме на четири рекреативни центри, од кои што двата се парковска содржина, а останатите два се целосно рекреативни центри со останати содржини од најмладите до највозрасните категории да имаат простор за движење. Во наредниот период започнуваме и со нова канализациона мрежа во Пинтија, исто едно горливо прашање триесетгодишно на нашите сограѓани, во посебна фаза на подготовка сме и со документацијата за таму и распишување на тендерска постапка која што ќе биде во наредниот период, и за тоа ќе ве повикаме како медиуми. Но и со нашиот најголем проект кој што ќе опфати на девет и пол километри фекална и водоводна мрежа, а тоа е решавањето на проблемот со водоснабдување и фекална канализација во населбата Стаклара и Каменик. Продолжуваме со доста брза и силна динамика, како и до сега. Имаме многу проекти кои што во моментот ги работиме, дел од нив ги споменав, дел секако немаме време и простор да ги споменеме, истакна Ѓорѓиевски.

Ви благодарам за поддршката, вам како медиуми, што секогаш не пратите за секој настан и најавувам за моите сограѓани дека сето она на кое што сме се обврзале во четири годишната програма да го реализираме, многу поскоро од тие четири години ќе биде реализирано и завршено, додаде тој.