После 60 години, целосно ја реконструираме улицата „Румена Хаџи Панзова“ во Драчево, објави на Фејсбук градоначалникот на Кисела вода Орце Ѓорѓиевски.

Се работи за улица во должина од речиси еден километар, на која после земјотресот во Скопје ниту еднаш не е целосно интервенирано.

Ова беше барање на моите сограѓани од Драчево кои навистина имаа голем проблем во извршувањето на своите секојдневни активности и нормалното функционирање поради лошата состојба во која се наоѓаше оваа улица.

Од сега, тоа ќе биде минато.

Точно ја разбирам важноста на оваа артерија во Драчево и токму затоа за рекордно време целосно ја реконструираме.

После толку време, сега на ова место имаме улица каква што 60 години требало да има, но сето тоа било само уште едно лажно ветување.

Ја разбирам и важноста на сите улици за моите сограѓани, бидејќи во 21 век недозволиво е да нема нормални услови за брз, квалитетен живот и транспорт во Кисела Вода.
Токму затоа, нашите заложби се општина без кал, општина со модерна инфраструктура и реконструирани улици и тоа ќе го оствариме.

Кога ја барав довербата од моите сограѓани се обврзав дека ќе ги исполнам во целост сите зацртани проекти и тоа така ќе биде.

Затоа што честа и образот за мене се најважни, функцијата е минлива.

Заедно ја пишуваме новата приказна за Кисела Вода!, пишува Ѓорѓиевски во својата објава.