По граѓаните и производителите со критики за владините политики за цените. Одлуката да се замрзнат според дел од нив била погрешна и не ги дала посакуваните ерзултати. Сега кога цените се одмрзнаа притиасокот е зголемен и допрва ќе расте во пресрет на одлуката за новата цена на електричната енергија.
Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски во разговор за Алфа стравува дека е можен нов удар ако струјата поскапе, а власта и натамуи ги игнорира апелите и предлозите на стопанствениците.
Главното прашање е „Дали по одмрзнување на цените ќе следи ново покачување на цената прехранбените производи, особено лебот“? Потпретседателот на ССК, Горан Ѓорѓиевски во разговор за Алфа рече дека понудата и побарувачката ќе ја одредат цената на финалниот производ.
Како што рече Ѓорѓиевски, во моментов има стагнација на цената на прозиводите, но и делумна можност за намалување на истите. Смета дека евентуалното покачување на цените на струјата може да да ја зголеми цената на крајниот производ.