Тој во вечерашната емисија „Што не е јасно?“ вели:
-Ние имаме киднапирана држава и позади тој навидум “добар човек“ како што сака да се претстави Зоран Заев со раката на срцето, позади тоа се крие деспот кој што сериозно сака да контролира и цензурира се во државата и во јавноста да излегува се она што нему му одговара. И затоа ние можеме да забележиме дека изминатото негово владеење може да се оквалификува единствено преку бројни криминални афери и скапа пропаганда која што пробуваат да ја продадат пред граѓаните, вели Орце Ѓорѓиевски организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа.
Според Ѓорѓиевски секој кој што размислува поразлично од СДСМ, без разлика од кој аполитичка партија му се врши реваншизам.
-Секој неистомисленик, без разлика дали тоа било некој од ВМРО-ДПМНЕ, или од било која политичка партија, неопределен граѓанин, дури и од нивните редови гледаме како завршува, рече Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски, посочи дека не смее да се заборави кој беше Заев пред да стане премиер, потсетувајќи ги двете афери кои се поврзува токму Заев, додавајќи дека во нормална држава тој сега наместо премиер, ќе бил во затвор.
-Во никој случај не смееме да заборавиме кој беше Зоран Заев пред да стане премиер. Тој е аболициран криминалец за кого се врзуваат две афери, едната Глобал за која и беше аболициран, и другата афера која што видовме дека заврши без казна, буквално како ништо да не сторил човекот, а во нормална правна држава таков човек требаше да биде во затвор а не да биде премиер и да ја пљачка државата и понатаму, истакна тој.
Ѓорѓиевски говорејќи за високите пресуди на уставобранителите од 27ми април, кажа дека не може да се согласи дека овие лица кои што си ја сакаат државата и застанале во одбрана на уставниот поредок на државата кога сметале дека е загрозен се нарекуваат терористи.
-Лицата од 27ми април застанале за одбрана на државата во моменти кога сметале дека е загрозен уставниот поредок и ние логички врз основа на тие нивни дејствија сме ги нарекле уставобранители и тие во ниту еден случај не се терористи. Терористи се други, ама терористите во Македонија не се гонат, туку се гонат луѓето кои што си ја сакат државата. Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ бараме враќање на целата постапка д почеток, а практично со нашиот став се сложуваат сите политички чинители во Република Македонија, дури и претседателот Стево Пендаровски, рече тој.