За разлика од минатиот круг, кога во Скопје имаше 4 ливчиња сега е 1, освен во Карпош и Центар, каде има по 2 ливчиња, а низ Македонија има 1 ливче.

Се гласа во вкупно 44 општини. Право на глас имаат 1 353 990 избирачи на 2481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.

Првпат оваа година гласачите се идентификуваат со уреди за биометриска идентификација преку отпечаток од прст. Овие уреди ги содржат само личните податоци за гласачите од Избирачкиот список во избирачкото место. За разлика од првиот круг, овојпат не се забележани проблеми со отпечатоците.