– Достоинствено почна гласачкиот процес и очекуваме така и да заврши. За разлика од првиот круг, утрово немаме застој поради користењето на фингер принтовите на избирачките места што дава надеж дека денеска се ќе функционира како што треба и дека гласањето ќе се спроведе во фер и демократска атмосфера, оценува Ризов.

Во текот на вчерашниот ден правото на глас го искористиле 224 стари и изнемоштени лица, 11 болни од Ковид-19 и 16 затвореници.