Потпретседател на Европска Инвестициона банка Лилјана Павлова на денешната прес конференција во Клубот на пратеници ги демантираше обвинувањата од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека поранешниот директор на ЈП Водовод и канализации Златко Перински дека влијаел на тендерската документација за изградба на пречистителната станица.
Имено одговарајќи на новинарско прашање кој е нејзиниот став бидејќи поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Скопје беше обвинет дека не го водел процесот за изградба на пречистителната станица како што треба и поради тоа бил разрешен од градоначалничката на Град Скопје Арсовска, потпретседателката на ЕИБ Павлова рече дека проектот е кристално чист и без никакви проблеми, укажувајќи дека Европската Инвестициона Банка не утврдила никакви отстапки од она што е воспоставено како правила и процедури од нивна страна.
Она што можам да го кажам од оваа перспектива знаете дека Европската Инвестициона банка е главен финансиер и ние имаме и мораме да следиме посебни правила и процедури кои што се веќе воспоставени, вршиме надзор на процесот на набавка, да ги вршиме сите потребни и вонредни проверки и контроли и она што можам да го кажам е дека процесот на набавка беше успешно завршен и немаше отстапки и имаме зелено светло за потпишување на договорите за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација. И во оваа фаза можам да кажам дека немаме проблеми и навистина со нетрпение ги очекувам роковите и датумите кога ќе се потпишат договорите и успешно да започнеме со имплементацијата, изјави Павлова, потпретседателка на ЕИБ.
За потсетување на јавноста, ЕИБ и Европска банка за обнова и развој кои што се главните финансиери на овој голем проект уште тогаш преку соопштение ја демантираа Арсовска дека од самиот почеток на проктот се почитуваат условите и преземаните обврски за исплата на средствата и немаат никакви забелешки како се води целиот процес од страна на Златко Перински, тогашен директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.