Двајца полицајци од Струга се суспендирани и против нив е поведена постапка поради сомнение дека во полициска станица употребиле прекумерна физичка сила врз уапено лице кое имало лисици на рацете, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за Т.М., полицаец во Полициската станица Струга, и И.Ш., главен полицаец за вршење увид на сообраќајни незгоди во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Струга.

Според МВР, на 14 мај 2026 година, при спроведување лице кое претходно било лишено од слобода, двајцата наводно го удирале со раце и нозе, иако тоа било со ставени лисици.

Против полицајците ќе се води постапка за „малтретирање во вршење на службата“, а паралелно е поведена и дисциплинска постапка.