Денеска, по вторпат сезонава Гоце Седлоски доби отказ на кормилото на Шкупи и тоа само три дена по ремито во Струмица против Академија Пандев (1:1).
Со ова реми Шкупи остана на четири бода зад лидерот Струга Трим Лум во трка за титулата и таквата ситуација беше доволна за раководството да одлучи да го отпушти искусниот стратег. На шест натпревари во вториот дел од сезоната Шкупи победи само на две средби, против Шкендија со 2:0 и Работнички од кој беше подобар со 3:1.
Ќе потсетиме, веќе еднаш Седлоски сезонава беше отпуштен на Чаир, но брзо, по само неколку дена клубот го врати на клупата.
Покрај Шкупи, Седлоски во својата кариера беше тренер на Вардар, Хоризонт Турново, Рига (Летонија и вториот тим на Динамо Загреб.