Новак Ѓоковиќ во новиот документарец „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“ откри дека сè уште не размислува за конкретен датум за крај на кариерата.

Најодликуваниот тенисер во историјата, кој има 24 Гренд слем-титули и олимписко злато, зборуваше за својата иднина и за прашањето кое со години се поставува – кога ќе му стави крај на професионалното играње тенис.

Ѓоковиќ призна дека ниту самиот не знае кога ќе се пензионира. Тој не ја исклучува можноста да остане на теренот и во петтата деценија од животот.

Иако прашањето за неговото пензионирање станува сè почесто присутно, српскиот тенисер вели дека нема причина да размислува за крајот додека може да се натпреварува со најдобрите и да освојува турнири.

„Навистина сè уште се чувствувам млад. Не знам кога ќе ја завршам кариерата. Можеби ќе биде за една година, можеби за 15 години, не знам. Сè додека имам мотивација, страст и сè додека чувствувам дека можам да освојувам турнири и да бидам меѓу најдобрите во светот, сакам да продолжам да играм“, рече олимпискиот шампион.