Познатиот актер Пирс Броснан присуствуваше на финалето на УС Опен, а моментот кога беше прикажан во преносот во живо ги освои социјалните мрежи.

Броснан го следеше натпреварот помеѓу Александар Зверев и Бен Шелтон, во кој Зверев победи.

Имено, на интернет се шират пофалби за снимателот и режисерот на преносот кои се префрлија од кадарот на часовникот, кој одбројува 0:07, на кадарот на познатиот актер.

Видеото беше споделено и на официјалниот профил на Отвореното првенство на САД, со опис: „Името е Бонд, Џејмс Бонд“.

 

„Вистинска уметност“, „Директорот на преносот на УС Опен чекаше часовникот да отчука точно 0:07. Потоа веднаш се префрли на Пирс Броснан во публиката. 0:07. Самиот Џејмс Бонд. Без титлови. Без објаснување. Само совршен тајминг“, „Дајте му покачување на снимателот“, коментираа корисниците на интернет.

Броснан го играше легендарниот агент 007 Џејмс Бонд во вкупно четири филма помеѓу 1995 и 2002 година.

Тој ја започна својата иконска улога во филмот „GoldenEye“, кој успешно ја ревитализираше франшизата. После тоа, следеа хитовите „Tomorrow Never Dies“ и „The World Is Not Enough“, а тој се збогува со франшизата со улога во филмот „Die Another Day“, кој воедно ја одбележа и 40-годишнината од оваа филмска серија.