Голем одзив на телефонската линија за повредените од Кочани и нивните семејства

Во рок од само три дена откако беше активирана телефонската линија за директна комуникација со Канцеларијата на претседателот на Владата. 109 граѓани поврзани со трагедијата во Кочани веќе се јавиле и ги доставиле своите барања, предлози и потреби. Владата информира дека бројот на јавувања ја покажува ефикасноста на оваа линија, која е замислена како алатка за поддршка и комуникација со погодените.

Рехабилитација во Пониква и тимска медицинска грижа

Од Владата велат дека преземаат конкретни чекори за да им помогнат на повредените лица. Тие имаат право на соодветна здравствена заштита и нега.

  • „Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега“, велат од таму.

Владата ја активираше опцијата за рехабилитација на повредените во одморалиштето Пониква, каде што ќе бидат згрижени лица кои се во стабилна здравствена состојба, но имаат потреба од дополнителни здравствени услуги. Тим од лекари ќе биде присутен во периодот од 10 јуни до 20 август. Ќе обезбедува не само медицинска грижа туку и психолошка поддршка.

Пониква се трансформира во рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани

Отворена линија за повици: 070/355-526

Ова е телефонската линија за повредените од катастрофалниот пожар во Кочани. Надлежните ги повикуваат сите кои се засегнати, директно или индиректно, да се јават на бројот 070/355-526 и да ги изразат своите ставови, барања и идеи. Владата уверува дека секоја сугестија ќе биде земена предвид и обработена со сериозност.