Засадени се дрва, се чистат јавните површини во општината. Службите на општината ги посетија и локалните општински училишта. Во Аеродром уредени се јавните површини, а така е одбележан првиот ден на пролетта.

Заедно со директорот за јавното претпријатие за комунални дејности, направивме обиколка на локациите каде на почетокот на пролетта и Денот на екологијата започнавме голема еколошка акција за чистење и уредување на јавните површини, пишува Муцунски.

Муцунски се заблагодари на посветената работа на комуналните работници и додава дека: „Луѓето се нашиот најсилен потенцијал во обезбедувањето на јавната хигиена“. Муцунски вели дека Аеродром одржува континуитет во одржување убава и зелена општина.