Голема експлозија се случи на гасовод во американската сојузна држава Оклахома, јавуваат американските медиуми.

Експлозијата се случила синоќа, во 21:45 часот по локално време (4:45 часот утринава по средноевропско време) во округот Бивер, објави Еј-Би-Си Њуз (ABC) на својата веб-страница.

Според противпожарната служба, пламенот достигнува височина од 150 метри и е толку голем што може да се регистрира и од сателити.

Противпожарните екипи се на „безбедно растојание“ додека гасот не може да се исклучи, наведува Еј-Би-Си Њуз.