Четири лица загинаа, а 14 се повредени денеска во судар на минибус и автомобил во Ростовската област на југот на Русија, соопшти руското Министерство за здравство.
Во болница се пренесени 11 тешко повредени, а брзата помош згрижила три лица кои биле полесно повредени на лице место, пренесува ТАСС.
Несреќата се случила на 35-от километар од автопатот Ростов-Ставропол, јавува агенцијата РИА Новости.
Според првичните податоци, до судирот дошло откако возачот на автомобилот изгубил контрола над возилото.