Кошаркарите на ТФТ Скопје го надиграа Кожув по голема борба и едно одиграно продолжение во натпреварот од седмото коло во македонската Суперлига со конечен резултат 86-88.
За скопскиот состав ова беше четврта победа од почетокот на актуелната натпреварувачка сезона.
Најефикасен поединец во победничкиот табор беше Секој Сила, кој го заврши мечот со 25 постигнати поени. На спротивната страна кај тимот на Кожув, Симиќ и Армстронг реализираа по 20 поени, додека Бојчев додаде уште седумнаесет коша.
