Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Во Скопје утре, петок, до средината на следната седмица ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе опадне.