Денешниот ден не потсетува на тоа колку голем титан имал македонскиот народ. Делчев немал само локално, но и регионално значење.

Неговата борба за Македонија, неговата хуманост и неговото дело се безвременски и така ќе останат за генерациите што следат. Оваа генерација политичари има чест да го пренесе сеќавањето за неговото дело, но истовремено да го чува и негува.

Кога велам да го чува и негува, да ја пренесува вистината, онаа вистина што навистина се случувала, а не онаа вистина кои што некои се обидуваа и обидуваат да ја искриват. Во минатото имаше обид да ја искриват вистината за Делчев со манипулации, но за среќа тоа е само минато.

Претходно, Мицкоски на својот профил  напиша:

„Македонија не е само држава, туку и наша судбина, и мора да биде наша иднина. Таа е изградена од саможртвата на хероите кои се дадоа за нашата слобода. Еден од најцврстите карпи на тоа народно дело е Гоце Делчев чиј живот херојски згасна пред 122 години, а неговата слава и дело продолжува да биде живо. Длабок поклон за великанот. Слава му.“