Директорот на ЈКП “Водовод“ Горан Козаров, до општина Битола ја поднесе својата оставка од функцијата директор на ова јавно претпријатие, а на оваа функција е од 2017 година, како кадровско решение на СДСМ.
Според Козаров оставката ја поднесува од морални причини, по поразот на локалната власт во Битола на локалните избори, кои завршија во неделата со избор на нов градоначалник на Битола, а претходно и на советниците во Советот на општина Битола.
Козаров останува до избор на нов градоначалник да ја изршува директорската функција.
Инаку, Козаров е долгогодишен член на СДСМ, бил советник во Советот на општина Битола, кандидат за пратеник, а остакна и кандидатура за кандидат за градоначалник на Битола.