„Заев првин ги испразни езерата кои сега тешко се полнат и нема доволно вода за производство од поголем обем. Потоа тој го упропасти РЕК, за да може да прават тендери го заглавија единствениот копач на јаглен во вода, јаглен речиси и да нема ископано, се бројат денови кога ќе снема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта нема направено никаква стратегија на полето на енергетиката, таа не е свесна дека капацитетите во нашата држава се на минимум.

Недостатокот на енергија веќе неколку пати се покрива со буквална кражба од европскиот систем, која како држава според директорот на МЕПСО за еден месец ќе не чини околу 15 милиони евра. 15 милиони евра се пари кои се половина од добивката на МЕПСО за една година, и тоа потрошени за еден месец. Со вакво темпо Заев ја загрозува и работата на МЕПСО. Власта нема план како понатаму. Заев ја става државата во сериозна криза. Заев нема капацитет да ја реши кризата. Заев и СДСМ треба да си заминат“, додаваат оттаму.