Поранешната министерка за внтарешни работи,  Гордана Јанкулоска, која по скоро три години поминати зад решетки, без да може да излезе да го види својот син и семејството, доби право на викенд отсуство.

Со измена на правилникот, жените-затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство. Директорот Зоран Јовановски за „Макфакс“ вели дека привилегиите ги користат по потреба и дека добил пет барања за користење на отсуство.

Погодностите доаѓаат откако Комисијата за антидискриминација утврди дека затвореничките од женски пол се дискриминирани со Правилникот во „Идризово“. Тој беше променет од Управата за извршување санкции и Министерството за правда.

Адвокатот Влатко Илиевски, кој е и сопруг на Јанкулоска, посочува дека со овој чин, се исправи повеќедецениска неправда кон жените кои се осудени.