Претседателката Гордана Силјановска – Давкова се обрати на Самитот на иднината на тема „Глобални решенија за подобро утре“ во Њујорк. Во нејзиниот говор стоеше дека треба да зајакне улогата на Генералното собрание, како претставничко тело на нациите. Меѓународниот суд на правдата мора да добие посилна улога, а неговите пресуди, да станат задолжителни за сите.

Крајно време е за соочување со грдата реалност на војни, природни катастрофи, енормна сиромаштија, нееднаквост и нерамноправност, жртвување на правдата, етиката и моралот заради профит и моќ, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на Самитот на иднината во Обединетите нации во Њујорк, вели таа.

Според неа, потребни се структурни, функционални, меритократски, демократски реформи, а треба да се зајакне и улогата на Генералното собрание, како претставничко тело на нациите.