Според локалните медиуми, по битката со огнените јазици во текот на ноќта, ситуацијата денеска е подобра, а активни се три жаришта.
Интервенираат 85 пожарникари со седум пешадиски тима, 17 возила, пет авиони (четири канадери и Бериев), шест хеликоптери, а од Атина, со брод, на островот пристигнуваат 52 пожарникари со 22 возила.
Вчера, превентивно беа евакуирани два хотели и три куќи, а доцна синоќа до жителите на пет села беше испратена и порака од Секретаријатот за цивилна заштита преку бројот за итни случаи 112.