Во текот на изминатото деноноќие, од 27 до 28 јули 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор. Од нив, 8 се активни, 7 се под контрола, додека 36 се веќе изгаснати.
Моментално, огнената стихија е најактивна на осум локации низ земјава:
- Општина Василево, Радовиш и Берово: Гори во атарот на село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, зафаќајќи нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
- Општина Прилеп: Активен пожар е регистриран кај село Бешиште, место викано Бешишки Рид, со краци кон село Градешница (општина Новаци) и кон границата со Република Грција, каде гори мешана шума.
- Прилеп и Кавадарци: Пожарот беснее помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (општина Прилеп), и Галиште, Трстеник (општина Кавадарци), зафаќајќи мешана шума и нискостеблеста вегетација.
- Општина Македонски Брод: Помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
- Општина Желино: Активен е пожар помеѓу селата Церово и Групчин, каде гори нискостеблеста и деградирана шума.
- Општина Крива Паланка: Во атарот на село Нерав, пожарот е активен во висока борова шума. Екипите се на терен и се борат со огнот.
- Општина Кичево: Гори во село Горно Црско, зафаќајќи ниска вегетација и ниска шума.
- Општина Македонска Каменица: Во село Ќосевица гори борова шума.
Седум пожари се ставени под контрола и се следат од надлежните служби:
- Старо Нагоричане и Куманово: Кај селата Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце, со ширење кон селата Димонце и Коњух (општина Кратово), гори ниска вегетација.
- Општина Петровец: Пожар во мешана шума кај селата Средно и Долно Коњаре.
- Општина Петровец: Кај Катланово е контролиран пожар на ниска вегетација.
- Македонски Брод 1: Кај село Грешница, пожар во мешана шума и сува трева.
- Македонски Брод 2: Во село Латово е контролиран пожар на ниска вегетација и деградирана шума.
- Општина Штип: Помеѓу селата Драгоево и Селце, контролиран е пожар на нискостеблеста шума, прнар и сува трева.
- Општина Карбинци: Пожар во шума кај село Јунузлија.
Противпожарните екипи успешно изгаснале 36 пожари низ земјава, вклучувајќи ги:
- Шуто Оризари – ул. Нов Живот (ѓубриште)
- Арачиново – с. Орланци
- Сарај – с. Глумово
- Зелениково – с. Гумалево
- Битола – с. Велушина, с. Меџитлија, ул. Игњат Атанасовски, с. Српци
- Прилеп – м.в. Млекара Софија (2 интервенции), с. Мало Коњари
- Долнени – с. Сивје, с. Долнени, с. Секирци
- Кривогаштани – с. Крушеани
- Струмица – с. Баница и нас. Софилари, с. Колешино (Колешински водопади)
- Василево – с. Сушево кон Добрашинци
- Гевгелија – с. Моин – с. Ново Коњско
- Охрид – с. Вапила
- Струга – с. Ново Село и с. Делогожда
- Кичево – кај РЕК Осломеј
- Македонски Брод – с. Требовље
- Велес – влив на река Бабуна
- Свети Николе – с. Преод, с. Долно Ѓуѓанци, с. Стањевци
- Пробиштип – с. Гајранци
- Куманово – с. Тромеѓа, ул. Октомвриска револуција
- Липково – с. Отља
- Брвеница – с. Радиовце
- Боговиње – с. Камењане кон с. Јеловјане
- Гостивар – с. Чајле, с. Чегране, нас. Циглана
- Врапчиште – с. Градец