Согласно донесената одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 75,50 ден/лит.

Дизелот од полноќ поскапува за два денари. На бензиските пумпи ќе се продава по цена од 65 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,351 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.09.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,131 ден/кг.