Авганистан е доста далеку од Македонија, но беше доста значаен за кумановскиот, а богами и македонскиот локален развој. Иако Македонија и Авганистан се премногу различни во секој аспект, периодов некои нешта нè спојуваат.
Пишува: Давид САЛТАМАРСКИ
Авганистан е земја поделена помеѓу повеќе етнички заедници, но заедничко за нив е дека се изјаснуваат како Авганистанци. Воената интервенција која што започна во 2001-ва година, како реакција на американската администрација за соочување со глобалниот тероризам ја вовлече Америка и сојузниците во дваесетгодишен проблем. Амбициозниот план на САД, беше напреден, развоен, поттикнат секако од политичка природа. Главната идеја за изградба на циркуларниот автопат од Кабул кон Кандахар на југот и во вид на круг преку Херат и Мазар-и-Шариф на северот повторно назад за Кабул требаше да е најглавниот инфраструктурен проект за државата. Проектот кој уште основната инфраструктура е од советско време, скапо ги чинеше инвеститорите. Само делницата од Кабул до Кандахар чинеше 1,5 милијарди долари а изградбата е нецелосно успешна, со што целиот автопат е преоценет на преку 3 милијарди долари.
Во 2003 со избивањето на војната во Ирак, САД своите ресурси ги пренасочи во таа држава и Авганистан како да стана второстепен интерес на тогашната Бушова администрација. Тоа Талибаните го искористија и вршеа континуирани напади за заземање на територија. Планот за обука на авганистанската војска, вложување во опрема и целата кампања ја чинеше американската благајна 2 трилиони американски долари или приближно 300 милиони долари на ден! Авганистанската армија иако добиваше врвна обука и опрема, воздушна поддршка и невојатна логистичка помош, потфрли на морал а тоа ниту еден инструктор неможе да ти го пружи. 70 илјади авганистански војници тоа го платија со живот, додека куалицијата загуби некаде околу 3500 војници. Авганистанската влада тонеше во корупција според сериозни извештаи на експерти и правеше разноразни шеми за да извлече пари. Тој момент Талибанците вешто го искористија за нивно проширување.
Историјата на Авганистан со талибанското движење не е нова и трае интензивно уште од Советската инвазија. Иако по освојувањето на власата ова движење го пратеа многу негативни работи, и тотално се коси со разбирањето на секуларното општество и демократските вредности очиглено дека е добро посеано во пошироките народни маси. Сега талибанците во ново “руво”, како да ги учат политичките грешки од минатото, иако сум убеден дека тоа тешко ќе го продадат во “меџународната”. Политичките тенденции во Авганистан не се ни оддалеку светли, земјата ќе западне во криза, почитување на човековите права ќе биде во рамките на шеријатот а земјата ќе остане изолирана и од светските меѓународни финансиски институции.
Тука доаѓа до големото прашање дали Европа и светот ќе се соочат повторно со бегалска криза како онаа од пред четри, пет години?
Гужвите на аеродромот во Кабул, и инстинктот за преживување се посилни од се и покрај ветувањето за амнестија од страна на сегашните тамошни власти. “Владата на нашата земја”, брифираше дека ние сме со големo срце, али заборави дека сме со и тое како празен џеб. И додека далеку поразвиени држави и членки на Европската Унија, одбија да примат бегалци од кризното жариште, или примија во ектремно мал број ние ќе си вдомиме околу 700. Ветувањата за финансиска помош од страна на нашите стратешки партнери се надевам деќа ќе се оствари, но останувањето на бегалците е реално дискутабилно и стравовите се оправдани. Колку од тие луѓе се и биле предмет на безбедносна проверка кога нашиве ни чувари не редот имаат проблеми да имплементираат наједноставни безбедносни процедури во дадени моемнти. Зашто се гради камп во Бардовци со капацитет за 3 илјади луѓе, ако ние би примале само неколку бегалци? Очигледно лекциите можеби и не сме ги совладале до крај, а ‘99та и сликите од Стенковец како да ги избришавме од колективната меморија!