Според нив, случајот во полиција го пријавиле оштетените гости, откако снимки од мотелските соби се појавија на социјална мрежа.

-Не знаеме кој стои зад незаконското снимање во нашите соби и не ни е јасно кој снимал, а од полицијата добивме упатства да не зборуваме со никого, изјавија од менаџментот на мотелот „Вила Уно“ за „Слободен печат“. Тие велат дека соработуваат со полицијата, со цел да ги заштитат своите гости.

Како што дознава Слободен печат од свои извори, на дел од гостите некој преку пораки на мобилните телефони им барал да уплаќаат илјадници евра во криптовалути во замена за тоа целосните снимки да не бидат објавени. Причината поради која неидентификуваниот уценувач сакал крипто-пари, а не средба на која ќе му бидат предадени пари во кеш, било тоа што не сакал да биде идентификуван.

Досега надлежните не ги откриле лицата што неовластено снимале љубовни сцени од креветите во мотелските соби. Не се знае уште колку материјали на незаконски начин обезбедиле непознатите сторители.

Институциите засега молчат.

Целиот текст можете да го прочитате на Слободен печат.