– Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера околу 13:00 часот го лишиле П.К. (49) од Гостивар. Пред тоа на наплатната рампа Глумово во правец кон Тетово било запрено возило „Пасат“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од П.К, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, при прегледот биле пронајдени и одземени околу 60 грама хероин. Приведениот П.К. од претходно се барал по наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворски казни за сторени кривични дела. Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.